Ракометарките во група со Шведска, Унгарија и Турција на ЕП!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците во групната фаза од ЕВРО 2024 што ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември.

Македонија ќе игра против Шведска, Унгарија и Турција во групата А. Натпреварите ќе се играат во Дебрецин.

ЕХФ веќе распореди по една селекција во групите, па така Унгарија ќе биде во групата А во Дребрецин, Црна Гора во групата Б што ќе се игра во истиот унгарски град, Франција ќе биде носител во групата Ц во Базел, а Швајцарија како домаќин ќе игра во групата Д во Базел. Австрија ќе биде домаќин во групата Е во Инсбрук, а во овој град ќе игра и Германија, како дел од групата Ф.

Првата фаза ќе се игра во Дебрецин, Базел и Инсбрук, главната рунда ќе се одржува во Дебрецин и во Виена, а финалниот викенд и разврската за медали се резервирани за Виена.

Се вчитува...