Од вечерва започнува летното сметање на времето

Вечерва (31 март) започнува летното сметање на времето. Па така, со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 3 часот, се смета како 2 часот.

Одлука за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви, соопштија претходно од Владата.