Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Од:

Високиот руски генерал Апти Алаудинов, командант на чеченските сили кои се борат во Украина и сојузник на претседателот Владимир Путин, вети дека неговата земја ќе го уништи воениот сојуз на НАТО до 2030 година.

Алаудинов, кој Путин го назначи за заменик во Главната управа за воено-политичка работа во Министерството за одбрана, овие коментари ѝ ги дал на водителката Олга Скабеева во програмата „60 минути“ на државниот канал „Русија 1“.

Клипови од неговото појавување на мрежата „Х“ (Твитер) ги сподели Антон Герашченко, поранешен советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

– Апти Алаудинов, близок соработник на (чеченскиот лидер Рамзан) Кадиров, кој неодамна беше назначен на позиција во руското Министерство за одбрана, ѝ кажа на руската новинарка Скабеева дека Русија ќе води војна до крајот на деценијата и има намера да го уништи НАТО, напиша Герашченко.

Русија ќе победи во оваа специјална воена операција и на сите други боишта – и изјави Алаудинов на Скабеева.

– Да, ќе треба да работиме напорно до 2029-2030 година, но ве уверувам дека исходот од оваа специјална воена операција ќе биде дека блокот на НАТО ќе престане да постои во форматот во кој постои денес. Повеќето од тие земји, кои денес трчаат по Америка како идиоти, ќе клечат и ќе ѝ се заколнат на Русија, барајќи да бидат прифатени во нашата коалиција – рече тој.

Би можело да ве интересира

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии