Јокиќ: Едвај чекам да почне полуфиналето со Минесота

Кошаркарките на Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ се пласираа во полуфиналето од плеј-офот во Западната конференција во НБА лигата со вкупни 4-1 во серијата со ЛА Лејкерс. По поразот во Лос Анџелес, Нагетс си ја завршија задачата пред домашната публика и закажаа средба со Минесота.

На пресконференцијата по натпреварот Никола Јокиќ не го криеше задоволството од пласманот во следната фаза, а говорше и за предизвикот против Тимбервулвс.

„Беше ова тежок натпревар. Тие сакаа да победат и да ја продолжат серијата, а ние да ја затвориме. Интересен, возбудлив натпревар, а победата на крајот е најважна. Не погодувавме многу, но имавме доста отворени обиди. Играме таква кошарка. Си веруваме едни на други и веројатно тоа е причината поради која победуваме“, изјави Јокиќ кој се осврна и кон полуфиналето.

„Не се предаваме. Од кога дојдов тука тоа е традиција. Губевме на секој натпревар, а на крајот победивме. Знаеме што треба да направиме. Незгодни сме и знаеме што е целта. Ќе биде тоа потполно друга серија од оваа со ЛА Лејкерс, но едвај чекам. Моето тело мисли дека пет дена е на одмор, но тоа не е добро“

Се вчитува...