Боки-13 за „Рекет“: Русковска и Камчев знаат каде завршија парите, Кичеец не знае што призна

од Nikola Popovski

Поранешниот тв водител Бојан Јовановски, попознат како Боки-13, денеска од пред Кривичниот суд во Скопје порача дека поднел барање за повторување на постапката за случајот „Рекет“. Истакна дека оваа одредба ја користи врз основа на прибавување на нови околности и докази.

Според него, новите докази не биле употребени во доказната постапка пред Судот.

-По стапување на правосилност на пресудата, каде што тужител беше сведокот Јордан Камчев, се докажа дека при побарување на оштетните побарувања, дека не може човек кој сторил неправда да бара право и дека не се утврдени елементи на добие статус на оштетен и да добие средства назад кои не беа утврдени, рече Јовановски пред медиумите.

Истакна дека пресудата за предметот е донесена врз основа на шпекулации и на разни теории на случаи. За осудениот Зоран Милески-Кичеец, вели дека не знаел што признал, особено што вели дека биле гонети за соизвршителство.

-Сите не интересираат каде се парите? Одговорот го знае Русковска и Камчев, како и неколку политичари. Одговорот го знам и јас до некаде, со оглед дека сум учествувал во тие дејствија и тоа не го спорам, одговори Боки 13 за фамозните 1,5 милиони евра. Повтори дека случајот не е целосно расчистен.

Јовановски кажа дека неговиот моментален статус е осудено лице кое што користи прекин на издржување на затворска казна, по добиено позитивно мислење од ОЈО согласно медицинска документација. Вели дека е во состојба која не ја посакува на никого.

Боки-13 во ноември 2023 година излезе од затвор поради лоша здравствена состојба. Тој имаше многу тешка операција, на која му беа извадени 90 отсто од стомакот.

За предметот, Јовановски беше осуден на 9 години затвор, додека пак поранешната обвинителка Катица Јанева на 7 години затвор. Јанева и Јовановски во текот на судскиот процес ја негираа вината, додека пак Кичеец ја призна вината, по што беше осуден на три години затвор.

Со торба полна пари осомничените во „Рекет“  Јовановски и Кичеец заминаа од домот на Орце Камчев. Ова во 2019 година можеше да се види од видеото кое тогаш ја обиколи Македонија, а беше пласирано од италијански медиум.

Според обвинението, а сега и според пресудата, откако во ноември 2018 била отворена истрагата „Империја“ на СЈО, Јовановски со Кичеец договорил средба со Ана Камчева во неговата канцеларија во 1ТВ. Откако таа обезбедила 500 000 евра, Јанева дала предлог мерката притвор да се укине и замени со куќен притвор. Понатаму, според судот се докажало дека откако бизнисменот излегол од притвор, преговорите продолжиле и Јовановски барал 8 милиони евра во случај Врховниот суд да одлучи дека СЈО е надлежно за „Империја“. Доколку не и предметот завршу5во рацете на редовното обвинителство, тогаш барал 5 милиони евра, а за возврат Јанева ќе му ја олесни положбата на бизнисменот односно ќе му даде својство на заштитен сведок или ќе склучи спогодба. Се барале прво, рече судијката, 1 милион евра, со кои Камчев требало да доие пасош, а останатите 4 требало да се дадат на рати во наредните месеци.

Слични содржини