Објавено на:

Мбапе не се виде против Барса

t

Шпанските екипи Барселона и Атлетико Мадрид остварија победи во првите четвртфинални дуели од Лигата на шампионите, но расположението не е исто во двата тима.

Барса славеше на гостувањето кај ПСЖ со 3-2 и со одличен резултат ќе го пречека францускиот првак идната недела. Атлетико ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, но мадридскиот тим повеќе од 80 минути го мелеше противникот, а во финишот среќата го спаси од реми.

Главен протагонист во победата на Барселона беше бразилскиот репрезентативец кој го одигра можеби најдобриот натпревар откако е член на клубот од Каталонија.Во 37. минута тој го отвори резултатот по одличната акција на Левандовски и Јамал, а кога Барса беше во нокдаун, го израмни резултатот на 2-2, на асистенција на тукушто влезениот Педри.

Во меѓувреме, за само три минути на стартот од второто полувреме , ПСЖ преку Дембеле и Витиња направи пресврт и поведе со 2-1 по што се чинеше дека Барселона може да доживее пораз. Сепак, по израмнувањето на Рафиња, голот за победа го постигна Кристенсен од непосредна близина, со глава, по корнерот што го изведе Гундоган. И покрај победата, ништо во овој двомеч не е готово бидејќи следува реваншот во вторник на Олимпискиот стадион во Барселона каде ПСЖ ќе мора да оди на се или ништо.

Атлетико имаше водство од 2-0 по првото полувреме, со головите на Де Пол и Лино, но не ја искористи својата доминација за да дојде до уште поубедлива предност. Кога не даде трет гол, Алер во 81. минута намали на 1-2, а до крајот германскиот тим два пати ја погоди пречката и пропушти со уште подобар резултат да се врати дома. Сепак, овие 1-2 се доволни за идната недела да гори на Вестфален, во реванш четвртфиналниот дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота го празнува…

Внукот на Тоше, Кристијан преку фото-галерија му…

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…