Трамп не остава ништо на случајност – каква жена, таква заменичка

318

Деновиве актуелно е судењето во Њујорк на поранешниот американски претседател и актуелен кандидат за нов претседателски мандат, Доналд Трамп. Тој е обвинет за фалсификување деловни документи за да сокрие дека на порно-актерката Сторми Даниелс неколку дена пред претседателските избори во 2016 година преку својата адвокатка и платил 130.000 долари, за да не зборува јавно за нивната љубовна афера.

Секое појавување на Трамп за јавноста е атракција, но овој пат, уште при првото влегување во судницата вниманието го украде неговата десна рака, 28-годишната Марго Мартин, која работи како негов заменик-шеф за комуникации.

Покрај со атрактивниот изглед, вниманието на јавноста таа го привлече и со неверојатната физичка сличност со сопругата на Трамп, Меланија, иако е неколку децении помлада од неа.

Колку се слични тие две убави жени, најдобро покажува грешката што ја направи новинарот на „Фокс њуз“ при известување од судење на Трамп во Мајами. Новинарот Џон Робертс покажа видео од пристигнувањето на бринетата во судницата и без многу размислување изјави: „Решивме да ви го покажеме видеото што го добивме, на кое се гледа како Меланија Трамп влегува во судницата.“

Под тоа видео одеше наслов: „Меланија Трамп пристигнува на суд во Мајами“. Но, во тоа време, Меланија била  во Њујорк, каде што ја снимиле како ја напушта кулата Трамп и оди да ја среди косата во салонот Џон Фрида. Неколку минути подоцна, Џон Робертс повторно излезе на телевизијата во живо и призна дека направил грешка, па рече: „очигледно тоа не е Меланија“.

Новинарите јавуваат дека при влегувањето во судот за новото судењето на Трамп, освен со физичката сличност со 53-годишната Меланија Трамп, Марго Мартин го привлекла вниманието и со самодовербата со која зрачела. Таа на социјалните мрежи има десетици илјади следбеници, меѓу другото, благодарение на сличноста  со Меланија.

Но, која е двојничката на Меланија? Убавата Марго е родена во Оклахома и претходно работела како заменик-директор за комуникации во „Сејв Америка“ на Трамп, која главно се користела за испраќање мејлови до поддржувачите и за организирање на негови редовни собири низ земјата. Таа е една од ретките кои останале да работат со Трамп по завршување на неговиот мандат во Белата куќа, по што стана клучна личност во неговиот тим. Сега таа често го придружува на разни настани и е поканета на сите семејни забави што се одржуваат во Мар-а-Лаго.

На Инстаграм таа се фали дека ужива во врвни ресторани, се забавува на популарните собиралишта на познати личности, оди на луксузни одмори и патува со авионот на поранешниот американски претседател.