Препукувањата меѓу градоначалникот Папазов и советникот Акиов завршија со јавно извинување

Препукувања меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и советникот во Советот на Општина Кочани, Аки Акиов. Имено, по говорот на Акиов на 6 април оваа година, Папазов денеска побара јавно извинување, бидејќи како што наведува во писменото соопштени со таквите изјави му се нарушува угледот и честа.

„Изречената груба клевета ги нарушува мојата чест и углед и претставува основ за заштита и надомест на штета, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Доколку поседувате соодветни докази дека одредени субјекти кои добиле тендери носеле пари во ќеси кај мене дома, Ве повикувам во најкраток можен рок да ги доставите до органите на прогонот. Во спротивно, барам од Вас, дадената изјава од 6 април 2023 година да ја повлечете и притоа да се извините на истиот начин и во истиот обем со кои е сторена” – стои во писменото барање на градоначалникот до Аки Акиов.

Нешто подоца писмено се обрати и Акиов кој јавно му се извини на Папазов.

„Би сакал да изразам јавно извинување до Градоначалникот на општина Кочани Љупчо Папазов во однос на изнесени квалификации на 06.04.2023 год. на седницата на Советот околу тендерите и парите беше кажано во популистички и политичка конотација.

Го изразувам јавното извнување до Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.“ – кажа Акиов.

Лаура Стојанова М-Нет