Протестите не вродија со плод: Грузија го усвои предлог законот за странски агенти

39

На улиците на Тбилиси имаше големи протести поради можноста за усвојување на спорниот закон, каде неколку учесници беа уапсени по судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Грузискиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот за „странски агенти“, што предизвика неколкудневни протести во Тбилиси, јави грузиската агенција Интерпрес.

Агенцијата додава дека предлог-законот мора да помине уште две читања пред да биде усвоен.

Предлог-законот за „странски агенти“ предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да се регистрираат како „агенти“ кои зависат од странско влијание.

Синоќа имаше големи протести на улиците на Тбилиси поради можноста за усвојување на спорниот закон, каде неколку учесници беа уапсени по судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Грузиските власти во изминатите неколку дена на аеродромот во Тбилиси го приведоа новинарот Доналд Куртер, кој има руско-американско државјанство, пренесува РТ.

Куртер, кој е новинар на РТ, беше приведен во транзитната зона на аеродромот откако грузиските власти рекоа дека нивниот систем не го препознава неговиот пасош.

Граничните службеници во меѓувреме на новинарот му го одзеле рускиот пасош, пренесува RT.

Руската телевизија соопшти дека Куртер отпатувал во Грузија за да известува за антивладините протести кои беа организирани поради објавувањето на законот за „странски агенти“.