Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.

Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува Ројтерс.

Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Текстот Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре е превземен од МАКФАКС.