Рутинска победа за МЗТ Скопје над Вардар, Пелистер се мачеше против ФМП

Пo натпреварите во АБА2 лигата кошаркарите на МЗТ Скопје се вратија на победите во домашното првенство.

Во рамките од 21. коло клубот од Аерофром славеше победа над градскиот ривал Вардар со 86:78. Заморот беше видлив, па поради тоа тренерот Атанасов им даде шанса на кошаркарите со помала минутажа, а тие возвратија со сигурна игра и заслужена победа која за нив беше 17-та оваа сезона.

МЗТ беше подобар во три од четирите четвртина, Вардар беше поефикасен само во третата која ја доби со 22:25. Аеродромци во останатите ги користеше грешките на противникот и го контролираше резултатот.

Најефикасен на мечот беше Вајрам од Вардар кој уфрли 26 поени, додека Фуцет за МЗТ го заврши натпреварот со 19.

Пелистер вечерва имаше многу потешка задача од очекуваното во 21. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Битолчани иако беа големи фаворити на домашен терен се мачеа против ФМП Академија, но на крајот сепак успеаја да стигнат до триумф од 98-89.

Маслинко со 31 поен беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Џастин Робертс постигна ист број на поени.

Претходна вестСилен земјотрес во Италија, почувствуван и во Словенија и Хрватска
Следна вестПочнува пријавувањето за 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон