Ова е Русинката која мажот ја избоде со нож во стан во Панчево: Сакала да започне нов живот во Србија, па била убиена заедно со синот (9) (фото)

Страшно злосторство се случило во Панчево кога маж (руски државјанин) ги убил сопругата и синот, а потоа се самоубил.

Имено, рускиот државјанин А.Г., неговата сопруга Олга Г. и синот (8) биле пронајдени мртви во изнајмен стан во Панчево кога полицијата синоќа околу 12:30 часот ја скршила вратата.

Како што пишуваат српските медиуми, Русинот кој изврши двојно убиство и се самоуби по професија бил хирург.

– Во Србија дојдоа поради страв од мобилизација. Иако е хирург, имал своја такси компанија во Русија – вели соговорникот и додава:

-Убиената е педијатар за новороденчиња, но во Србија дошла без лиценца која сакала да ја добие и се надевала дека ќе почне да работи.

Како што понатаму наведува соговорникот, со нив бил и еден тинејџер (18), синот на Олга од првиот брак, но тој пред неколку дена бил депортиран и заминал во Русија.

– Нивниот деветнаесетгодишен син остана со нив. Тие пред два месеци го купиле станот во кој се случил крвавиот чин.

Како што вели извор од истрагата, руското семејство изминатава година било во Панчево и станарите никогаш немале проблеми со нив. Злосторството стана познато кога ќерката на убиената од првиот брак почнала да се распрашува за мајка си бидејќи не и’ одговарала на повиците цели 12 часа.