Саудијците повторно му доставија непристојна понуда на Роналдо, ако ја прифати ќе биде најплатен фудбалер на денешницата

Тимот од Саудиска Арабија, Ал-Наср, тропна на вратата на Жорге Мендеш, агентот на Кристијано Роналдо, и му достави непристојна понуда за Португалецот.

Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека Ал-Наср е подготвен да му плати неверојатни 225 милиони евра на Кристијано Роналдо за тригодишен договор.

Челниците на тимот од Саудиска Арабија се подготвени да издвојуваат по 75 милиони евра годишно, сума која не ја заработува ниту еден фудбалер.

Ова е втора понуда која Роналдо ја добива од тим од Саудиска Арабија, во текот на летото, Ал Хилал му понуди 250 милиони долари за двегодишен договор, но Португалецот ја одби истата.

- Оглас -

Најнови вести