Презентација на олдтајмери во Кочани, емотивно присетување на спомени од минатото за љубителите

Под мотото „Зрно по зрно“ вчера се оддржа презентацја на олдтамајмери во Кочани. Мотивот е што повеќе луѓе да се ангажираат и вклучуваат во вакви презентации се со цел да се зачуваат олдтајмерите, кои што секои сами по себе е карактеристични на свој начин. На настанот присуствува учесници од Скопје, Велес, Свети Николе, како и гости од Србија

„Поентата што е да направиме една иницијатива луѓето од овој дел да се ангажираат и да се активираат во зачувување на олдтајмерите, затоа што секој олдтајмер во себе си има своја душа, си има вредност онолку колку што е внесена љубов во него, не во пари туку во љубов. Да може да се зачува едно историско наследство од автомобилската индустрија„ Има скоро 60 возила , има неколку клубови дојдено кои земаа активно учество сеа имаме покрај Скопје, Велес, Свети Николе, Кавадарци, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Пробиштип, имаме гости од соседна Србија,кои што доаѓаат од неколку градови и имаме одлична соработка и сакаме таа соработка да продолжиме„- вели Ван.

И од станицата за технички прегледи гордо велат дека ќе останат во понатамошна организација, се со цел да се организираат повеќе вакви настани.

„Како станица за технички прегледи ќе останеме во организацијата , помагањето што почесто да организираме вакви настани во ваков стил, така да сметам дека не сме само ние гледам овде има и други љубители на вакви настани, така и ќе продолжиме.“

На настанот присуствуваа граѓаните од Кочани и од околните градови, се со цел да се разбудат емоциите на љубителите на олдтајмери, да се присетат на старите времиња во кои олдтајмерите биле актуелни, а денес претставуваат наследство на автомобилската индустрија.

Лаура Стојанова М-Нет