Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Страшни поплави во Кина: Повеќе од милион луѓе во состојба на готовност

125572130 Gettyimages 1404024360.jpg.webp.webp
Img 5587

Околу 127 милиони луѓе во Кина се во состојба на готовност по разорните поплави во кои загинаа најмалку четири лица, а десетици илјади беа принудени да се евакуираат.

Силно невреме ја опустоши јужна Кина од четвртокот, при што 11 лица се водат како исчезнати во дождовите што ги потопија градовите и однесоа автомобили. Во јужната провинција Гуангдонг во последните неколку дена врне силен дожд. Нивото на реките сезголеми и до седум метри, а зголемен е стравот од големи поплави, кои според локалните медиуми се гледаат еднаш во векот, пишува Дејли мејл.

300x250 (7)

Пријавени се три смртни случаи во градот Жаокинг, а еден спасувач починал во градот Шаокуан. Уште десет лица се водат како исчезнати, а потрагата и спасувањето продолжува. Повеќе од 110.000 луѓе беа раселени низ Гуангдонг. Од нив, повеќе од 45.000 се евакуирани од северниот град Кингјуан.

Властите соопштија дека се очекува реката да достигне ниво што не е забележано во последните 50 години. Застрашувачките снимки покажуваат големи површини потопени во матна вода и спасувачите кои ги носат луѓето со чамци за спасување додека водата достигнува до половината. Фотографиите покажуваат матна вода како ги зафаќа продавниците, домовите и обработливото земјиште, додека снимките од воздух покажуваат бетонски џунгли како се дават во надојдените води.

Евидентиран е и град со пречник од три сантиметри, кој крши покриви од куќи и предизвика хаос. Властите вчера побрзаа да ги спасат жителите во областите на свлечиште и да ги евакуираат затрупаните, испраќајќи хеликоптери и носејќи постари луѓе на грб низ поплавата.

Други останаа на горните катови од нивните куќи чекајќи да се повлече водата, додека пријателите им доставуваа храна со брод. Неколку големи реки се излеаја од коритата, а властите велат дека внимателно го следат „опасно високиот“ водостој. Околу 1,16 милиони домаќинства останаа без струја за време на викендот. Поради постојаниот дожд, летовите беа откажани и одложени, а училиштата беа затворени во најмалку три града.

Обилните врнежи се очекува да продолжат, а метеоролозите најавуваат грмежи и силен ветер. Властите предупредија дека нивото на реките во северниот дел на Гуангдонг би можело да достигне врв што не е забележан во последните сто години. Провинцијата Гуангдонг е густо населен производствен центар во Кина, дом на околу 127 милиони луѓе кои сега се под тревога за катастрофи.

Ss1

Можете да прочитате

Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на миење раце

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за ослободување на заложниците и против премиерот

И Порошенко се најде на руска потерница