Како промената на температурата влијае на нашето здравје: Веднаш штом почувствувате непријатност и главоболка, обратете се на лекар

Летните температури беа заменети со дожд. Како овие промени влијаат на нашето здравје?

Од ненадејната промена на времето, бројот на пациенти од сите возрасти е зголемен. Кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања, повеќето се хронични пациенти, главно оние кои страдаат од хипертензија и акутни коронарни синдроми.

Не се работи само за кардиоваскуларни заболувања, забележан е и зголемен број на мозочни удари и респираторни проблеми.

Целиот наш организам страда кога е под влијание на брзата промена на времето. Нашето тело се однесува според сите закони на физиката и се обидува да компензира. Како што се зголемува надворешниот притисок, нашиот организам се обидува да му се спротивстави, пренесува Телеграф.

Динамиката на крвните садови е во тоа што тие се шират и се собираат во зависност од надворешниот притисок, што предизвикува зголемување или намалување на крвниот притисок. Истото се случува и во самиот срцев мускул.

Во последните години расте групата на болни од метеоропатија.

И порано имаше луѓе кои бурно реагираа на промените на времето, но сега оваа популација е многу поголема и главно се луѓе на возраст од 42 до 55 години. Ова е популација која е динамично вклучена во животот – стануваат понервозни, повеќе се движат, одат од една средина во друга – сето тоа го зголемува ризикот.

Се советува луѓето да останат колку што е можно повеќе во затворени простории за време на временските промени, бидејќи промената на притисокот внатре е многу побавна отколку надвор. Исто така, сите оние кои чувствуваат некаква непријатност треба да одат на лекар.