Поврзете се со нас

Италија

Фелипе Андерсон потврди дека го напушта Лацио, но изненади со изборот на следен клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Фелипе Андерсон долго време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но иако на крајот Бразилецот потврди дека навистина ќе го напушти Лацио, реши да замине во сосема друг клуб.

Андерсон доцна синоќа објави соопштение со кое потврдува дека нема да потпише нов договор со Лацио и по крајот на сезоната заминува, но кариерата ќе ја продолжи во Палмеираш.

До последен момент се очекуваше дека Бразилецот ќе ја прифати понудата на Јувентус, за која неговите агенти преговараа долго, но на крајот излезе дека Андерсон ќе се врати во татковината.

Интересно е дека самиот фудбалер во соопштението само информира дека ја завршувата својата втора етапа во редовите на Лацио, а малку подоцна Палмеираш преку социјалните мрежи објави дека го обезбедила потписот на Андерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни