Чави се предомисли: По состанокот со Лапорта останува во Барса и следната сезона

Чави Хернандез уште еднаш покажа дека колку голем господин беше како фудбалер, толку е спротивното откако влезе во тренерските води. Откако на средина на оваа сезона најави дека на крајот поради слабите резултати ќе го напушти клубот, многу брзо почна да се премислува.

Дилемите околу тоа кој ќе ја води Барселона следната сезона се веќе разрешени откако каталонскиот стратег реши да остане на чело на клубот. Вечерва Чави имал состанок со Лапорта по кој било договорено тој да го води клубот и следната сезона.

Се вчитува...