Поврзете се со нас

Конференциска лига

Фиорентина победи во драматичен финиш, Ел Каби постигна хет-трик на „Вила Парк“ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acffiorentina

Фиорентина и Олимпијакос влегуваат со предност на реваншите од полуфиналето на Конференциската лига и ќе се обидат да си обезбедат место на натпреварот за европски трофеј.

Фиорентина два пати водеше против цврстиот Бриж, а белгискиот состав израмни и со фудбалер помалку, па сепак не издржа до крајот.

Резервистот Ензола ги постави конечните 3:2 во 91. минута или само три минути откако влезе во игра. Сотил и Белоти беа стрелци на претходните голови на италијанскиот тим, додека Ванакен и Тиаго погодија за Бриж.

Олимпијакос оствари голема победа (2:4) на гостувањето кај Астон Вила, а во центарот на вниманието беше Ел Каби, кој постигна хет-трик на оваа средба. Воткинс и Диаби реализираа за премиерлигашот, додека Даглас Луиз не реализираше пенал при резултат 2:4, што значи дека тимот на Унај Емери ќе има потешка задача на реваншот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни