Арсенал го „уништи“ Челзи, па Артета по мечот реши да го утеши Покетино

од Симе Стоиков

Арсенал синоќа во градското дерби на Емирати го понижи Челзи со победа од 5:0, а по натпреварот Микел Артета ја воодушеви фудбалската јавност со зборовите кои му ги посвети на Маурисио Покетино.

Ја давам сета поддршка во светот на она низ што поминува Маурисио Покетино и се што прави“, изјави Артета на почетокот на прес-конференцијата и додаде:

„Тој прави навистина добра работа. Челзи заслужи да победи на сите претходни седум натпревари. Се надевам дека ситуацијата ќе се сврти во негова корист бидејќи тој тоа го заслужи со тоа што му го даде на тој тим”.

Арсенал со синоќешната победа го зазеде првото место на табелата во Премиер лигата со 77 бодови и има три бода и меч повеќе од Ливерпул и четири бода, но и два натпревари повеќе од Манчестер Сити.

Слични содржини