ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 | Освоени гласови по општини во %

169

Меѓу останатите кандидати, во македонскиот политички блок лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои над 80 илјади гласови, зад него е кандидатката на Левица Билјана Ванковска, а на последно место се најде лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски

Откако реши да излезе од сигурната зона на вториот градоначалнички мандат и да се трка за претседателската фотелја Максим Димитриевски, не влезе во топ 2, но заврши на 4тото место од вкупно 7 кандидати. По пребројани 100 отсто од гласовите на вчерашниот прв круг од претседателските избори, и по освоени 83.787 или 9,26% од гласовите, најави уште поголема битка на параламенатрните избори.

ЗНАМ испишува новата политичка историја на македонската сцена им порача Димитриевски на своите поддржувачи, а убедливо неговата победа беше најголема во родното Куманово каде е и актуелен градоначаник.

„Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата кој што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново.“

Зад Димитиревски, со поддршка од 41 172 гласа се најде професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица. Таа на граѓаните и синоќа им порача мојата цел не беше победа, туку да отвориме нов дискурс.

„Веројатно она што беше наша главна мисија на овие избори која ние ја сработивме од почеток до крај беше не да победиме туку да отовриме нов дискурс, нова дебата, ние отворивме прашања кои се овде табу тема. Ние ќе биде тука и ќе се бориме за македонскиот народ.“

За разлика од кумановскиот градоначлник, неговиот колега од општина Карпош, Стевче Јакимовски, кои исто така реше да ја трча претседателската трка како кандидат на ГРОМ, освои помалку гласови дури и од локалните избори на кој извојува победа. Во Карпош од Димитриевски и од Ванковска добија поголема поддршка од актуелниот градочаланик.

Јакимовски го призна поразот, а во јавноста се отовори и дилема како Јакимовски ги собра потребните 10 илјади граѓански потписи за својата кандидатура но на вчерашните избори стигна само до 8 103 гласа.

„Дали резултатите се задоволувачки, според мене нормално дека не се, далеку се од очекувањата, но како и да е битно беше дека граѓаните на МАкедонија имаа избор бираа меу 7 свои кандидати, дали биле во право со тоа што го избрале ќе видиме после 5 години.“

Вториот круг од претседателски избори ќе одржи на 8 мај заедно со парламантраните.

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина.

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %).

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %).

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %).