11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Над 65 општини добија нови патишта преку проектите на Министерството за транспорт и врски

Најбројни во изминатите месеци, ако се суди според електронскиот систем за јавни набавки, се тендерите за реконструкција на улици и патишта. Во 65 општини во периодов се случува градежна офанзива. Тоа значи дека во повеќе од половина општини од вкупно 80 на број во државата градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ донеле одлука да ги „нашминкаат“ улиците и патиштата пред изборите.

Во рамките на Проектот за поврзување локални патишта, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка со вкупна вредност од 70 милиони евра, обновена е локалната патна мрежа во општините и градот Скопје во вкупна должина 173 километри во над 65 општини.

Според планираната динамика се очекува до месец јуни да се распишат јавни повици за реконструкција на уште 70 улици за кои општините веќе аплицираа во Министерството за транспорт и врски.

Преку овој проект планирана е изградба и реконструкција на патишта од 450 километри локални улици во околу 80 општини и Град Скопје со цел да се подигне мобилноста и квалитетот на живеење на локално ниво. Досега комплетно е завршена реконструкцијата на 180 локални патишта и улици со вкупна должина од 173 километри, во над 65 општини.

-Единиците на локалната самоуправа се властите кои се најблиску до граѓаните, кои играат значајна улога во уредувањето на секојдневното живеење преку јавните услуги што ги обезбедуваат. Оттаму, инвестирањето во општинската инфраструктура значи инвестиција во подобрувањето на животот на граѓаните, но и во поттикнувањето на економскиот развој преку развојот на нивните микроекономии. Понатаму, во време кога светската економија се соочува со крупни предизвици и кога во сите економии економскиот раст забавува, од исклучително значење е спроведувањето на инвестициската агенда за поттикнување на економската активност во овие исклучително сложени услови. Инвестицијата во патишта е секогаш квалитетна инвестиција, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Исто така преку министерството за транспорт и врски направена е рехабилитација и доизградба на четири патни правци кон граничните премини. Пуштен е во употреба патниот правец Деве Баир- Крива Паланка, пуштен е патот од Битола кон Меџитлија, а есента беше пуштен во употреба и обновениот патен правец од Подмоље кон Струга и Ќафасан.

Поврзувањето е подобрено во дел на комуникација кон Албанија, кон Грција и Бугарија, а пуштен е во употреба и патниот правец Скопје – Блаце и поврзувањето кон Косово.

Изградени 1.500 километри патишта низ Македонија

Ако се погледне патната мрежа во државата, може да се констатира дека Македонија има добро разгранета патна мрежа со околу 14.000 км патишта од кои околу 300 км автопатишта, над сто километри експересни и неколку илјади магистрални и регионални. Тоа е доволно за да се споредуваме со Хрватска или Словенија имајќи ја предвид големината на територијата и бројот на население.

Градежната офанзива започна со автопатите Миладиновци-Св. Николе–Штип, потоа со Кичево-Охрид и продолжи со експресните патишта Штип-Кочани и Штип-Радовиш. Се градеше и Фариш-Градско-Дреново, односно кон Прилеп, а и изградба на експересен пат од Струмица кон Ново Село, односно кон бугарската граница. Во оваа градежна офанзива секако најзначајно место ќе заземат коридорите 8 и 10 кои ќе се подигнат на автопатско решение.

Новината во градбата на овие коридори е во тоа што тие за прв пат кај нас се градат по теркот т.н. „црвен фидиг“ или во превод „клуч на рака“.

Овој пристап е сосема поинаков од досегашниот, затоа што самиот изведувач ја дефинира трасата, проектира и гради, а контролен механизам има од држжавата преку надзорниот орган кој ги следи сите активности на терен, го оверува квалитетот и ги потврдува количините кои се вградени.

Меѓутоа кога станува збор за квалитетот, недвојбени се мислењата дека патиштата што ги има направено „Бехтел и Енка“ во Албанија и во Косово се со врвен квалитет.

Изградбата на коридорите 8 и 10 според проценките ќе чини 1,3 милјарди евра, што според експертите оваа сума од 1,3 милијарди евра ни оддалеку не е висока ако се има предвид дека цените на материјалите се драстично се покачени.

Во периодот пак од 2017 година до денес рехабилитирани се и изградени патишта во должина од преку 1.500 километри, а во овој момент се работи на повеќе автопатски делници, се градат нови 168 километри автопат и се рехабиитираат околу 40 километри. Досега комплетно се изградени и пуштени во употреба два нови експресни патни правци во должина од 68,5 километри, кои што се инвестиција од 110 милиони евра, а се градат и два нови експресни патишта во должина од 50 километри.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека вакво рекордно ниво на вложување се нема случено историски гледано од 1991 година, од независноста на државата до денес.

– Ако во 2022 година имавме 465 милиони евра капитални инвестиции, минатата година до денеска, инвестициите во капитални проекти се некаде 540 милиони евра и јас очекувам и таа бројка да продолжи да расте сè до последниот ден од оваа година – рече Бочварски.