Маск: ТикТок не треба да биде забранет, тоа е во спротивност со слободата на говор

244

Американскиот милијардер Илон Маск порача денеска дека е против забранатана ТикТок во Соединетите Американски Држави и додаде дека забраната би била во спротивност со слободата на говор.

„Според моето мислење, ТикТок не би требало да биде забранет во САД, иако таквата забрана би можела да ѝ оди во прилог на платформата Х. Тоа би било во спротивност со слободата на говорот и изразувањето. Тоа не е она за кое што се застапува Америка“, напиша Маск на социјалната мрежа Х, пренесува Танјуг.

Сојузните држави низ САД го забранија ТикТок на уредните кои се во сопственост на државата, а како причина го наведуваат тоа дека кинеската компанија „Бајтденс“ која е сопственик на платформата, ги пренесува приватните податоци на корисниците до Владаа на Кина.