Утрински Весник
Македонија

Д-р Филипче во 2019-та ја отвори првата „Родителска куќа“ за родители чии деца се на подолг престој во болница

Roditelska Kuka 7.jpg
Ss2

Еден од проблемите со кои се соочуваа родителите чии деца подолг временски период се лекуваат на Клиниката за детски болести, а не живеат во градот Скопје беше немањето привремено сместување за родителите. Тие беа приморани да минуваат низ голгота со спиење во автомобилите на паркингот во Клинички центар или пак во изнајмени станови што креираше дополнителен трошок покрај лекувањето на децата.

Со оваа мака родителите се соочуваа и во текот на целата година, без разлика дали станува збор за летен период или во зима на минусни температури загрозувајќи го дополнително и сопственото здравје, покрај стресот што го имаа за своите деца. Невладината организација САНО формирана од родители и пријатели на деца што го победиле ракот апелираше до тогашниот министер за здравство д-р Венко Филипче да се изнајде решение и да им се помогне на родителите. 

300x250 (7)

Како прв човек на јавното здравство, веднаш им помогна и многу кратко време се отвори првата „Родителска куќа“ која започна со работа јануари 2019 година. Таа е наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не се од Скопје. Со оваа убава и хумана иницијатива им се помогна на многу родители од внатрешноста да имаат привремен топол дом.

Покрај можностите за престој со обезбеден појадок, на родителите во „Родителската куќа“ им беше овозможена и психолошка поддршка со цел полесно пребродување на тешките моменти. 

Во оваа куќа направена од родители чии деца се соочиле со канцер има четири апартмани со уредени бањи, заедничка кујна, трпезарија и дневна соба. 

„Родителската куќа“ која е прва од ваков тип на поддршка за родителите предизвика големо внимание и доби огромен број позитивни коментари од јавноста.

„Среќен сум што со „Родителската куќа“ ќе им помогнеме на родителите што не се од Скопје, да имаат топол привремен дом за да можат да им бидат најголема поддршка на своите деца кои се на подолг престој во болница и се борат со канцер на хемато-онколошкото одделение. Нема да дозволам повеќе родителите да спијат кај роднините, по околните подруми во куќите околу клиниките и автомобилите, додека нивните деца се борат за живот. Отсега, тие ќе имаат свој дом“, потенцираше тогашниот министер за здравство д-р Филипче при отворањето на оваа куќа.

Ss1

Можете да прочитате

Ахмети: ЕУ и САД гарантираат дека нема да има дополнителни барања од Бугарија

Кацарска: Судот ја покажува хуманата страна, над 30 вработени даруваат крв по повод 60 години Уставен суд

Битиќи до домашните компании: Со заедничка поддршка инвестиравте над 500 милиони евра, да продолжиме заеднички со заокружување на бројот 1