🗳️Како на првиот, така и на вториот круг од Претседателските избори, а овој пат заедно со Парламентарните избори, рано изутринава со сопругата ја извршивме нашата граѓанска должност и го остваривме нашето демократско право на глас.
Во оваа прилика сакам да упатам порака до сите граѓани, во духот на демократијата масовно да го остварат нивното право на глас и да не дозволат нивната волја да биде киднапирана од било кој субјект, на било каков начин. Гласањето е тајно и никој не може и не смее да знае позади параванот за кого граѓаните ќе го дадат својот глас.
Министерството за внатрешни работи ги има сите потребни човечки и технички ресурси за да гарантира еден фер и демократски изборен процес, во кој секој граѓанин ќе го оствари својот глас согласно сопственото убедување и во таа насока МВР во координација со ЈО ќе делува бескомпромисно кон секој кој ќе се обиде на незаконит начин да влијае било како врз волјата на гласачите, напиша на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.