Connect with us

Тајмаут

Мбапе купи замок во Мадрид, од легендата на „Кралевите“ за 18 милиони евра, има 20 бањи

Иако се уште не е официјално потврдено, нашироко е познато дека Килијан Мбапе од лето ќе биде нов играч на Реал Мадрид кој како слободен играч ќе пристигне од Пари Сен Жермен. Нов доказ за трансферот на најдобриот фудбалер на денешницата во Реал пристигна денеска, кога шпанскиот магазин Возпопули објави дека Мбапе купил вила во Мадрид која претходно му припаѓала на Серхио Рамос, легендарниот шпански стопер и икона на Кралскиот клуб.

Мбапе заедно со мајка си долго време бараше нов дом во Мадрид, Рамос му понуди вила вредна 18 милиони евра, а очигледно сега двајцата се договориле. Вилата во која ќе живее Мбапе по преселбата во Реал се наоѓа во регионот Ла Моралеха.