Мицкоски најави ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини во идната Влада

Мицкоски: Ќе има реструктуирање на владините кабинети, енергетиката, рударството и минералните суровини ќе бидат посебно министерство
ВМРО-ДПМНЕ

Како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера покрај политичките договори кои што би ги имале како идна влада со коалиционите партнери, сериозно на маса да ја ставиме идејата за реструктуирање на владините кабинети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски истакна дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија, туку како што рече тој тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство.

-Ценам дека енергетиката, рударството и минералните суровини не можат да бидат на ниво на одделение или сектор во министерството за економија. Ценам дека тие треба да бидат посебна институција и посебно министерство, смета тој.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека услов за следно коалицирање е токму ова барање на ВМРО-ДПМНЕ да се интервенира во Законот за влада.

И тоа би било едно од условите тој кој што би сакал да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ да интервенираме во законот за влада и да имаме министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, дециден е претседателот Мицкоски.