еМагазин
Image default
Бизнис

Најголем интерес за градење во скопски Карпош

Државниот завод за статистика соопшти дека во февруари се издадени 387 одобренија за градење, што е за 9,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидена е изградба на 951 стан, од кои 606 се во Скопскиот регион.

По региони најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 123, од кои 66 се во Општина Карпош, 12 во Илинден, по девет дозволи има во Гази Баба, Петровец и Сопиште, осум во Чучер Сандево, шест во Центар.

Следуваат Југоситочниот регион, 57 одобренија, Полошкиот, 56, Вардарскиот, 44, Источниот, 32, Југозападниот, 30, Североисточниот, 28, како и Пелагонискиот, каде се издадени најмалку одобренија, 18.

Од предвидените 951 стан за изградба, со вкупна корисна површина од 78.892 метри квадратни, во  Скопје се 606, од кои 537 се во Карпош, 35 во Центар, 13 во Ѓорче Петров, шест во Сопиште.

Во другите градови, 84 станови се планирани во Гостивар, 76 во Струмица, 75 во Охрид…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8.819.983.000 денари, што е за 10,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (44.2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 119 (30.7 проценти) од нискоградба и 97 (25,1 процент) за објекти за реконструкција.

На 216 објекти (55,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (44,2 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангеловска: Три сценарија за справување со последиците од корона вирусот

Редакција

Кои се препораките за домаќинствата, фирмите и институциите за штедење на струја

Редакција

Халкбанк го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра

Редакција