Давид на Микеланџело е прогласен за порнографија во американско училиште

Од:

Родител поднел жалба откако наставничката покажала слика од статуата на Давид од познатиот италијански уметник Микеланџело за време на часот по ренесансна уметност.

Директорката на училиштето во американската сојузна држава Флорида била принудена да поднесе оставка откако родител на шестоодделенец се пожалил дека неговото дете е изложено на порнографска содржина.

Родителот поднел жалба откако наставничката покажала слика од статуата на Давид од познатиот италијански уметник Микеланџело за време на часот по ренесансна уметност.

Таа статуа е едно од најголемите ремек-дела на западната цивилизација.

Но, еден родител се пожалил, тврдејќи дека тоа е порнографија, а други двајца рекле дека требало однапред да им се каже што ќе прави класот.

Статуата висока 5,17 метри го прикажува целосно голиот Давид, библискиот херој кој го убива џинот Голијат.

Во предметната лекција, наставничката им раскажала на 11 и 12-годишните деца за сликата на Микеланџело „Создавањето на Адам“ и „Раѓањето на Венера“ од Ботичели.

Хоуп Караскиља, директорка на класичното училиште во Талахаси, рече дека дала отказ откако добила ултиматум од училишниот одбор да го направи тоа сама или ќе биде отпуштена.

Локалните медиуми објавија дека Караскиља не ја знаела конкретната причина поради што било побарана да ја напушти функцијата, но претпоставувала дека тоа е поради поплаки од родителите за содржината на часот по ренесансна уметност.

Караскијља директорската функција ја извршуваше неполна година.

Барни Бишоп Трети, претседател на училишниот одбор, изјави за локалната веб-страница Слејт, дека минатата година директорката однапред им испратила на родителите предупредување дека лекцијата ќе биде за Давид на Микеланџело.

Таа не го стори тоа годинава, што е „безобразна грешка“, а родителите „имаат право во секој момент да знаат кога нивните деца учат за контроверзни теми и слики“.

„Нема да им ја покажеме целата статуа на Давид на децата од градинка, нема да им ја покажеме ниту на второодделенците.

„Прикажувањето на целата статуа на Давид е соодветно за возраста. Треба да утврдиме која е таа возраст“, ​​рече Бишоп.

Рон Де Сантис, гувернерот на Флорида, во четвртокот го започна процесот на промена на законот со што бо се забранило на државните училишта да предаваат сексуално образование и родов идентитет.

Наставниците кои ќе го прекршат законот се соочуваат со суспензија или губење на лиценците.

Микеланџело ја завршил статуата на Давид помеѓу 1501 и 1504 година.

Веднаш беше поздравен како ремек-дело, а ренесансниот уметник Џорџо Вазари изјави дека Давид ги „надмина“ сите други статуи.

Би можело да ве интересира

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви

(ВИДЕО) Авион се урна на камперска населба на Флорида, има мртви

(ВИДЕО) Крвава Ноќ на вештерките на Флорида: двајца мртви, 18 повредени

Катерина Ѓуровски

Близначки пронајдени мртви во кутија за играчки на Флорида: Се задушиле објаснува мајката

(ВИДЕО) Драматични снимки од Флорида, се е под вода: „Ситуацијата е крајно опасна“