Breaking News

„Емирејтс“ и „Флајдубаи“ ги обновија летовите по поплавите во Дубаи


Авиокомпаниите од Дубаи, „Емирејтс“ и „Флајдубаи“, соопштија денеска дека продолжиле со работа откако неделава обилни врнежи предизвикаа поплави ширум Обединетите Арапски Емирати.


„Емирејтс“ откажа речиси 400 летови и одложи многу други поради невремето што на 16 април го погоди градот Дубаи, се вели во соопштението објавено од претседателот на авиокомпанијата, Тим Кларк.


Поради невремето авиокомпанијата го прекина пријавувањето на патниците кои заминуваат од Дубаи и ги запре транзитните операции преку меѓународниот аеродром во Дубаи, еден од најголемите светски туристички центри, оставајќи илјадници патници заглавени на аеродромот.

рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА