Полувреме во Торсхавн: Македонија ќе мора многу подобро во второто полувреме

Ракометната репрезентација на Македонија има негатива од 18-14 на полувремето во дуелот против Фарските острови на гостински терен. Домашните уште од првата минута имаа водство и постојано го зголемуваа во текот на првите 30 минути. Ние многу грешевме, имаме дури пет исклучувања, наспроти само два на домашниот состав.

Изненадувачки во првото полувреме беа постигнати голем број на погодоци, нешто што требаше да биде наша предност, но едноставно одбраната на Македонија не е на потребното ниво, па фараните многу лесно постигнуваат голови.

Најефикасни во нашите редови после првото полувреме се кружниот напаѓач, Милан Лазаревски, и Филип Кузмановски со по четири гола. Никола Митревски првиот дел го заврши со само две одбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести