Кој е Илја Суцкевер, човекот заради кој се скарале Илон Маск и Лари Пејџ (основачот на Гугл)

Илон Маск, како основач на OpenAI, во 2015 година го „регрутирал“ Илја Суцкевер како ко-основач и главен научник. Значајно е да се спомене дека Илја тогаш го напуштил Google за да се приклучи на OpenAI. Тоа е нешто што некогашниот пријател на Илон, Лари Пејџ од Google, никогаш не му го простил.

„Би сакал повторно да бидам пријател со Лари. Навистина прекинот на пријателството беше заради Open AI. И конкретно мислам дека клучниот момент беше регрутирањето на Илја Суцкевер.“ – Илон Маск

Подоцна Илон Маск го напушти OpenAI поради тоа што компанијата се оддалечила од непрофитната и open-source основа. Под водство на Илја компанијата го создала ChatGPT.

Во епизодата од 9 ноември од подкастот на Лекс Фридман, Маск ја објасни клучната улога на Суцкевер во успехот на OpenAI.

Илон Маск го замислил OpenAI како непрофитна организација со отворен код за да се спротивстави на доминацијата на Google во вештачката интелигенција. Маск, кој долго време изразува загриженост за потенцијалните ризици од вештачката интелигенција, го истакна значењето на Суцкевер.

Илја Суцкевер моментално работи како главен научник во OpenAI, компанијата која неодамна го отстрани извршниот директор Сем Алтман. За ова веќе зборувавме.

Иако многумина го обвинуваат Илја за бунт и уништување на компанијата, Маск смета дека Илја е морален човек кој сигурно имал добра причина за своите постапки.

Во меѓувреме Илја дал поддршка на писмото на вработените на OpenAI кои ја критикуваат одлуката на одборот (чиј дел бил и тој!?) за отпуштањето на Сем. Она што вработените на OpenAI и јавноста го критикува е немањето транспарентност во одлуките на една компанија која работи на технологија од која зависи (безбедноста и иднината на) целото човештво.

Додека чекаме нови вести, дознајте повеќе за Илја:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *