Де Јонг најавува заминување од Барселона

Фудбалерот од средниот ред на Барселона,  Френки де Јонг, е разочаран од состојбата во клубот и размислува да ги напушти редовите на каталонскиот гигант, пренесува весникот „Спорт“.

Според изворот, доколку холандскиот играч за врска ја напушти Барселона, тоа ќе биде само за клуб кој игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Сезонава Де Јонг одигра 22 натпревари за „Блауграна“ во сите конкуренции и постигна еден гол. Актуелниот договор на холандскиот играч за врска со Барселона е до крајот на јуни 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО