Фановите на Реал тераат сеир со тренерот на Барселона: Му скандираа Чави остани (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа славеа со 3:2 во третото Ел Класико сезонава и ставија печат на новата титула во Ла Лига, а навивачите на Кралевите по натреварот имаа порака за тренерот на Барселона, Чави Ернандес.

Реал Мадрид во дербито на „Сантијаго Бернабеу“ двапати се враќаше од негатива, за Џуд Белингам во судиското продолжение да постигне гол за победа, а по мечот навивачите на Кралевите пред стадионот му скандираа на тренерот на Барселона, Чави Ернандес: Чави остани.

 

Чави, кој има договор со Барселона до 2025 година, пред неколку месеци објави дека на крајот од сезоната ќе си замине од каталонскиот тим, но фановите на Реал сакаат тој да остане бидејќи Кралевите сезонава ги добија сите три меча.

Реал славеше во Ла Лига со 1:2 на „Монжуик“ и синоќа со 3:2 на „Сантијаго Бернабеу“, а најубедливата победа ја оствари во финалето на шпанскиот Супер куп (4:1) кој се играше во Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести