Skip to main content
Македонија

Хероите Јован и Павел биле блиски пријатели: “Фалиш Павелче другарче мое”

25/03/2025  17:11

Херојот Јован Костадинов кој спаси повеќе од 20 деца во пожарот кој ја зафати дискотеката “Пулс”, денес беше испишан од Клиничката болница во Скопје и се врати дома во Виница.

Тој уште од болничката соба ни изјави дека ќе му треба време додека да може да се соземе и да проговори за она што се случуваше во неделата во Кочани, но сега на социјалните мрежи сподели фотографија на која се заедно со неговиот пријател Павел Христов кој за жал го загуби животот спасувајќи врсници. И Павел како Јован многу пати се враќал во дискотеката за да спасува, но последниот пат бил кобен, кога почнал да се гуши од чадот…

Фотографијата е споделена од Мото крос Штип, а на неа Јован напиша: “Фалиш Павелче другарче мое”.

Двајца пријатели, двајца херои, останува сите ние да им се поклониме за храброста!