Регион

Родителски фронт ја организира дебатата „До каде сме со родот?“

Пред полната сала, аргументирано, демократски, европски, силно и храбро дебатираа: Аргирета Атева, претставник на Коалицијата за заштита на децата, Петар Марков, претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Душан Шарановиќ, адвокат и Ѓорѓи Танушев, советник и претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Општина Струмица.

До нив останаа празни столчињата на главните протагонисти на родовата идеологија во Македонија, на оние со кои требаше присутните дебатери да ги вкрстат аргументите и фактите, меѓутоа ја пропуштија својата можност пред јавноста да ги истакнат своите непоколебливо прогресивни аргументи за одбрана на родовиот концепт и за т.н. родова еднаквост.

  • Потсетуваме дека Родителски фронт пред десетина дена беше мета на нарачан медиумски линч и бевме оквалификувани како екстремни и крајно опасни граѓанско-религиозни здруженија кои замислете, вршат притисок врз локалната власт, а сме немале никакво право на тоа, додека од друга страна во нашето општество постојат граѓански здруженија кои не само што го силуваат нашето општество со се она што му е туѓо и несвојствено, вршат притисоци врз општините и градоначалниците, линчуваат епископи и академици, туку го редефинириаат и образовниот систем, закони ни пишуваат, а во последните осум години станаа и расадници за министерки и сето тоа е во ред според нивните критериуми, бидејќи што е најважно, тие не се религиозни организации, зашто знаете тоа е многу ,,опасно“ за демоНОкратијата, рече во своето поздравно обраќање Мариета Дукиќ, од Здружението „Родителски фронт“.

Препорачуваме:

Околу 2000 крводарувања остварил Црвениот крст од Струмица, во последните 12 месеци

Dimitar Micev

Струмичанец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил

Ѓ. K.

Графит „Засекогаш деца“ во центарот на Струмица