Пристигна комбото Fallout / Magic: The Gathering

Како што ви е познато уште од текстот од октомври и Magic: The Gathering е планиран дел од моменталната Fallout офанзива, предводена од, за дивно чудо, гледливата истоимена серија. Значи, по играчките и филмските екрани, целата таа апокалиптика во ретро-футуристички стил од 50-тите се појави и на MTG картите, со сите тие мутанти, Nuka-Cola капачиња, радијации, платеници, атомски скривници, зомбија…. земени од сите Fallout игри (од 97-ма па наваму).

Да, Wizards of the Coast воопшто не се срамат да посегнат по било која франшиза и да ја трансформираат во спелови што се плаќаат со мана. Во изминатиов период тоа се случи со Harry Potter, Dr. Who, LOTR, Warhammer 40k и други, а ќе се случува и во иднина со други франшизи, бидејќи пазарот добро реагираше на оваквите продукти, веројатно и поради претпоставката за нивната висока колекционерска вредност во иднина.

Минатиот месец конечно стана достапна Fallout / Magic: The Gathering копродукцијата. Таа е надвор од регуларната линија на продукти спакувани во едиции и се состои од четири тематски шпилови карти (повеќе за нив во претходниот текст) од играчкиот формат Commander:

Scrappy Survivors

Scrappy Survivors

Интересно е како човекот во почетокот на својот планетарен развој се занимавал со собирање, а според авторите на футуристичките дела, изгледа тоа ќе е  примарното занимање и на крајот од неговото постоење на планетава. Собирањето цивилизациски остатоци е главната преживувачка дејност во пост-апокалиптичните светови, а воFallout е една од клучнте активности. Тоа воедно  е и темата на Scrappy Survivors шпилот, во црвена, бела и зелена боја.

Hail Caesar

Се вика шпилот посветен на најсуровата групација од Fallout универзумот – Цезаровата легија, која е најголемата закана за пост-апокалиптичната оаза – Републиката Нова Калифорнија. Шпилот ги потенцира агресивните аспекти на  белата, црната и црвената боја во Magic.

Hail Caesar

Mutant Menace

Пост-апокалиптика без мутанти и чудовишта едноставно не оди. Колку и луѓето да се полоши од нелуѓето во фантазиските постапокалиптични светови, сепак на крајот од денот се луѓе, па макар биле Цезар или Неган. Мутантите од Fallout светот можете да ги сретнете на карти во зелено-сино-црниот шпил Mutant Menace.

Mutant Menace

Science!

Последниот шпил (црвено-бело-син) е тематски сврзан со чудната научничка секта Brotherhood of Steel. Веројатно нејзината функција во поголемата слика на универзумот е да спречи собирањето повторно да стане примарна дејност на човекот, со тоа што ќе го зачува знаењето. Пред се технолошкото знаење.

Можеби не можат у последно време да направат добра видео игра, ама барем ги имаме на меџик карти и имаме релативно добра серија.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Според новиот извештај на Dealabs, доверливиот протекувач billbil-kun тврди дека God of War Ragnarök наскоро ќе добие најава за PC.

Извештајот проценува дека верзијата за компјутер ќе биде „објавена некаде во мај 2024 година“, лабаво преведена. Се додава дека најавата би можела да пристигне за време на новата изложба на PlayStation, која, исто така, веројатно доаѓа овој месец.

Dealabs, исто така, споменува дека не може да го потврди датумот на објавување за PC верзијата на God of War Ragnarök, иако го истакнува датумот на лансирање на оригиналот во 2022 година.

God of War Ragnarök е еден од најценетите ексклузивни наслови на PlayStation. Сепак, PlayStation ќе ја објави Ghost of Tsushima Director’s Cut за ПЦ следната недела на 16 мај. Значи, постои преседан за слични планови.

И покрај некои измешани чувства за PSN, новата верзија за компјутер на Ghost of Tsushima изненадувачки ќе ги вклучи и трофеите на PlayStation и преклопот. Не е јасно дали овие карактеристики на компјутер ќе се прошират на наслов како God of War Ragnarök.

Billbil-kun успешно објави различни вести од индустријата и други неизбежни најави. Ова ги вклучува тврдењата за Death Stranding 2 од јануари 2024 година. Набргу потоа, Death Stranding 2 доби нов трејлер за приказната.

Значи, многу е веројатно дека доаѓа најавата за God of War Ragnarök. Сепак, ништо не е потврдено, а PlayStation се уште официјално не се закачи или откри ништо.