Top Sport

„Мурињо е готов, повеќе не може да биде врвен тренер“

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано, откако ја заврши кариерата и се посвети на работата во медиуми. Касано често ги криткува големи ѕвезди, а омилен му е Жозе Мурињо кого чето го критикува.

Рома, во јануари му врачи отказ на Мурињо поради серијата лоши резултати. На неговото место дојде легендата на клубот, Даниеле Де Роси.

„Како тренер, Мурињо е готов. Тој веќе не е способен да тренира никого. И денес ги прави истите работи како пред десет години. Даниеле Де Роси, кој го наследи на клупата на Рома, покажа дека Римјаните имаат добри играчи и одлично си ја вршат работата“.

Во својата богата тренерска кариера, Мурињо ги предводеше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома. Освои 25 клупски трофеи и неколку пати беше прогласуван за најдобар тренер на годината.

Scroll to Top