Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Шпаркасе Банка останува посветена на мисијата да им испорача квалитет и да им овозможи врвно корисничко искуство на клиентите.

За таа цел ја претстави картичката „Visa Platinum, која е дел од премиум-производите на „Visa“ и нуди пристап до многубројни поволности и привилегии, на тој начин позиционирајќи се како картичка синоним за престиж.


Пакетот „Visa Platinum“ е креиран за да ги задоволи потребите на VIP-клиентите и да излезе во пресрет на животниот стил и на навиките на оние што често патуваат надвор од Македонија. Станува збор за ексклузивна дебитна картичка наменета за физички лица, поврзана со трансакциската сметка. Наменета за безготовински трансакции, оваа меѓународна картичка поддржува интернет-плаќање

Со картичката Visa Platinum, корисниците добиваат премиум третман насекаде во светот и многубројни ексклузивни придобивки какви што се:


  • Lounge Key пристап во повеќе од 1.000 business lounges, со два бесплатни пристапи во годината
  • Привилегии за патувања
  • Премиум услуга Fast Track на меѓународни аеродроми
  • Заштита или осигурување при купување и користење попусти и специјални понуди
  • Овозможен Visa чет-бот и многу други поволности

За дополнителни информации, посетете ја страницата sparkasse.mk

#ВерувајВоИднината


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …