Традиционален планинарски марш до Водно

224

Европското движење и годинава по повод Европскиот ден на знамето го организира традиционалниот планинарски марш до Водно што ќе се одржи утре, со почеток во 9 часот, пред Делегација на ЕУ во Скопје.

Пред просториите на Делегацијата на ЕУ, ќе бидат разменети европското и македонското знаме. Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, и претседателката на Европско движење, проф. д–р Милева Ѓуровска, кои ќе имаат свое обраќање.

Маршот ќе започне од пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во правец на врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.