Жозе Мурињо веќе најде нов ангажман?

Жозе Мурињо преговара со неколку клубови по разделбата со Рома, но се уште не го презел раководењето на ниту еден тим. Сепак, се чини дека е блиску до заминување во Саудиска Арабија.

Поранешниот тренер на Интер, Реал Мадрид, Челси, Порто, Манчестер Јунајтед и на Тотенхем доби нова понуда од Саудиска Арабија, а овојпат челниците на Ал-Шабаб сакаат да го видат на својата клупа. Како што пренесуваат саудиските медиуми, челниците на овој клуб на секој начин се обидуваат да го убедат Мурињо да ја прифати понудата.

Тоа би бил прв потег на Ал-Шабаб во битката со Ал-Итихад, Ал-Ахли, Ал-Наср и Ал-Хилал да се вклучи во трка за првото место во Саудиска Арабија.

Се вчитува...