Екс играч на Реал кој беше дел од Галактичарите, сега има работа која ја мрази, но мора да работи за да преживее

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид Оскар Минамбрес не успеа да обезбеди животна егзистенција, иако неколку години ги помина играјќи за Кралскиот клуб. Некогашната голема надеж на Реал, сега е 43-годишен продавч на цигари, работа преку која обезбедува егзистенција за да го прехрани семејството.

„Морам да се грижам за своето семејство, тоа ми е најважно. Никогаш не сум бил пушач, не ја сакам работата која ја работам, но што е тука е. Не ми се исполни животниот сон, но животот не е само фудбалот. Жал ми е што кариерата ја завршив прерано, затоа што имав чувство дека можам уште долго да играм“, рече Минамбрес.

Кариерата ја започна во младинската школа на Реал, а играше во ерата на Галактичарите Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Дејвид Бекам и Роберто Карлос. Со Реал имаше петогдишен договор, немаше значителна кариера, но сепак може да се пофали дека бил дел од екипата која има титули во шпанското првенство, Лигата на шампиони и Интерконтиненталниот куп.

За Реал одигра вкупно 37 меча, а по завршувањето на договорот во 2007 година, потпиша за второлигашот Херкулес. Сепак, веднаш беше потврдено дека не е закрепнат по повредата на коленото и договорот му беше раскинат, а непосредно потоа, реши да стави крај на кариерата. Имаше и 11 меча за младата репрезентација на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести