Вести Свет Топ вести

Пронајдени доверливи документи во куќата на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс

Документи со доверливи содржини се откриени во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс во Индијана, изјави неговиот адвокат за Националниот архив, што е последно во серијата откритија на доверливи информации во приватни резиденции.

Адвокатот на Пенс, Грег Џејкоб, рече дека „мал број доверливи документи спакувани во кутија биле транспортирани во домот“ на поранешниот американски потпретседател во времето кога Доналд Трамп бил претседател.

Џејкобс рече дека Пенс ангажирал адвокати искусни во ракување со доверливи документи за да ги прегледаат записите зачувани во неговиот дом, откако во јавноста се дозна дека доверливи документи се пронајдени во резиденцијата на актуелниот претседател Џо Бајден во Вилмингтон.

Стотици доверливи записи беа пронајдени и во резиденцијата на Трамп во Флорида. Трамп и неговите адвокати се спротивставуваа да ги предадат документите сè додека ФБИ не изврши рација во август минатата година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе