Македонија

Полицајци имале „драма“ со тетовец кој возел „бмв“

На 26.04.2024 во 11.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Р.Б.(58) од Тетово.

Тој кај нас.„Дреновец“, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од страна на полициски службеници, а откако по преземени мерки и активности бил сопрен, тој се однесувал агресивно кон нив. Покрај ова, при преглед во возилото му бил пронајден и одземен метален пендрек.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На почеток