Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Рафа живее нормален живот, Ѓоковиќ…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал низ годините имаа многу битки и меѓу нив се создаде големо ривалство во кое секогаш имало почит.

Во целата оваа приказна имало и други фактори, реакции од најблиски соработници, најблиското семејство што знаело да донесе и тензија, да се крене ривалството и на повисоко ниво, ама едноставно сите тие работи направија и тенисот да биде поактуелен за пошироката јавност.

Дали во блиска иднина ќе имаме можност Ѓоковиќ и Надал да ги видиме еден против друг на терените е голем знак прашалник, но Тони Надал секогаш имаш то да каже, па така овојпат направи паралела на животите на Србинот и неговиот внук.

-Мислам дека Новак Ѓоковиќ има малку повеќе волја да стане најдобар играч во историјата, додека Рафа, од друга страна, отсекогаш живеел сосема нормален живот. Рафа игра тенис, но живее нормално, се храни нормално, игра фудбал и врши други работи.

-Порано го навикнував на такво нешто бидејќи верував дека е добро за него. Кога Рафа уште се формираше, се сеќавам кога неговиот агент ни кажа дека не е професионален, кога беше мал, а мојот одговор беше дека не ни сакам да биде, туку дека е доволно што дава се од себе кога тој е на теренот и дека во слободното време може да живее како и секој друг човек. Верувам дека тоа не прави ни толку голема разлика.

-Потоа, кога сте на највисоко ниво, тоа е друга приказна. На пример, Ѓоковиќ е многу внимателен што јаде, како го поминува слободното време и има сосема поинаква визија од Рафа и Рожер. Сите тројца сакаа да бидат најдобри досега, но најважно не е кој сака, туку кој беше најспремен да се жртвува за да тоа стане, -порача Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни