[Видео] Тројца Руси поставија нов светски рекорд откако скокнаа со падобран од стратосферата до Северниот пол

Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов се тројцата Руси кои минатата недела се фрлија од авионот Иљушин-76, од земјината стратосфера на височина од 10.500 метри. Како што пренесува Ројтерс, тие околу две минути поминале во слободен пат пред да ги отворат своите падобранци на 1.000 метри над земјата и да паднат на Северниот пол. Оваа мисија беше тест на нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот и го постави новиот рекорд за скокање со падобран.

„Сите тројца претрпеа смрзнатини на образите, иако носеа загреани маски. Додека тие паѓаа со брзина од повеќе од од 300 km/h, температурата на воздухот од околу -50С се чувствуваше како -70C“, рече Никита Цаплин, организатор на експедицијата и ко-основач на рускиот хостинг провајдер RUVDS.

Се претпоставува дека комуникациите на Арктикот ќе добијат поголемо значење бидејќи нациите таму, вклучувајќи ги Русија, САД и Кина, се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

„Се разбира, нашето решение е прототип, но сепак успеавме, од нашиот сервер, да се поврземе со нашиот сателит и да пренесуваме податоци“, информира Цаплин.

Според Цаплин, Русите можат да испраќаат податоци преку експериментален систем, но во овој момент нема ништо слично на способностите на американската компанија „Iridium Communications Inc“ која обезбедува покриеност од двата пола на Земјата.

„Секако, сè уште не е Iridium, но направивме неколку мали чекори во таа насока и тоа беше всушност задачата – да видиме колку би било реално да се изгради евтино решение за да се добие пристап од компјутер до сателит“, нагласи организаторот.

Инаку, „RUVDS“ е компанија која им овозможува на бизнисите и на поединците да ги
направат своите веб-страници достапни преку World Wide Web.