Утрински Весник
Македонија

Германскиот пратеник Бајер: Со сигурност знам дека ВМРО-ДПМНЕ е за уставни измени

Mickoski I Bajer.jpg
300x250 (7)

Знам со сигурност дека ВМРО-ДПМНЕ сака да се измени Уставот, но имаат аргументи и причини зошто велат не сега, а тоа е поради процедурите за негова промена, но, исто така, и поради однесувањето на Бугарија и некои од нејзините највисоки претставници, порача вечерва во Дневникот на ТВ Сител Питер Бајер, пратеник во германскиот парламент – Бундестагот од редовите на Христијанско-демократската унија, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Бајер е во посета на земјава, меѓудругото и да ја даде својата поддршка за сестринската партија на ЦДУ во пресрет на претседателските и парламентарните избори.  

Ss1

Прашан дали и меѓународната заедница ги разбира и прифаќа аргументите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени, пратеникот во германскиот Бундестаг вели дека според него она што треба да го направи ВМРО-ДПМНЕ е да воспостави кредибилитет дека стојат зад уставните измени веднаш штом формираат влада.  

„ВМРО-ДПМНЕ како што споменавте е критикувана, но јас не сум бил сведок висок преставник на оваа партија да каже нешто јавно против Европската Унија. Напротив, од сите разговори кои ги имам во изминативе години сум бил сведок на многу проевропски позиции и знам со сигурност дека тие сакаат да се измени Уставот, но имаат аргументи и причини зошто велат не сега, поради процедурите за измена на Уставот, но исто така, и поради однесувањето на Бугарија и некои од нејзините највисоки претставници. Имам силно разбирање за тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ дејствуваше како што дејствуваше и тие добиваат силна поддршка од големо мнозинство од Македонците кои прашањето го гледаат на истиот начин и затоа добиваат силна поддршка и во оваа кампања за претстојните избори“,

По изборите, ако победат и формираат влада или било која друга влада, германскиот пратеник вели дека ќе мора да се реши со ова прашање.  

„Подолг период претставници на оваа партија патуваат низ ЕУ и зборуваат, исто така, и со Амерканците кои секогаш играат улога кога станува збор за овој регион. Имавме многу состаноци со нив во Брисел и Берлин и тие објаснија кој е нивниот наратив и аргументи, јас и останатите можевме да ја сфатиме логиката. Така што мислам да, проевропски се, но сметам дека треба да ги зголемат напорите за воспоставување кредибилитет во смисла на тоа дека стојат зад уставните измени веднаш штом формираат нова влада“ рече тој.

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници исто така ќе ни врне и ќе ни биде посвежо времето

Мицкоски: Сега следната наша цел повторно историска е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во македонскиот Парламент