ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Занаетчиите преживуваат од заштедите

Занаетчиите преживуваат од заштедите

Многу занаети кои се пренесуваат од генерација на генерација, изумираат. Економската и енергетската криза ги тера занаетчиите сериозно да размислуваат да ги затворат своите дуќани.

Економската криза нè уништи, велат. Намалената продажба и високите сметки за струја им се најголеми непријатели на нивните семејни бизниси. Илчо Трајковски е шапкар. Вели дека во моментов дома преживуваат со заштедата од минатото.

Екрем Незири е уште еден занаетчија во Скопската чаршија. Тој е бојаџија за текстил, но продава и стари дребулии. Според него, занаетчиите првата битка ја воделе со пандемијата и оттогаш работата им се намалила за 70 до 80 проценти.

„Како што одат работите, не зборувам само за мојата работа, туку и за моите комшии тука, кои работат со чанти, чевли, сите се жалат, немаат работа. Поскапе струјата, едвај ги покриваме трошоците. На син ми му се допаѓа занаетот и работата, ќе ја наследи и ќе продолжи, но ако оди вака гледам дека нема да може да ги покрие трошоците, нема да може да го одржува семејството, ќе гледа да почне да работи нешто државно, а ако не, ќе замине во странство оти таму велат дека животот е посигурен“, рече  Екрем Незири, занаетчија.

Занаетчиите велат дека претставниците на институциите не ги посетиле за да ги прашаат за нивните проблеми. Досега сè сами се справуваат со кризите, со растот на трошоците и падот на продажбата./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button