Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Qinshift Academy организира „Challenge Day“ во Охрид и Скопје: До 70% стипендија за најталентираните студенти

Охрид, 22. април 2024 (ОХРИДПРЕС)-  Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) го организира традиционалниот „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.

Настанот ќе се одржи во четврток, на 25-ти и сабота, 27-ми април 2024 година, во просториите на едукативнитe центри во Скопје и во Охрид. За биде предизвикот поголем оваа година е зголемена поддршката на нови студенти со обезбедување на фонд од 50 илјади евра за заинтересираните студенти на Qinshift Academy.

– Продолжуваме со традицијата на наградување на најдобрите како вистински начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Токму затоа, Challenge Day не е само обичен натпревар за вредни награди туку потврда на нашата континуирана заложба, мисија и одговорност преку квалитетно образование да менуваме животни приказни на подобро, вели Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.

Сhallenge Day ќе го опфати академиите на Qinshift Academy и тоа за мрежи и IT Ops, сајбер безбедност, софтвер тестер, графички дизајн, гејм дизјан, веб дизајн со фронт-енд, UI/UX, програмирање, Data Science и дигитален маркетинг.

Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да го пополнат формуларот за апликација.

Дополнителни информации во однос на овој настан може да добиете на телефонскиот број 075/334-547. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука