Артан Груби со куфер пред општина Чаир, Европскиот фронт бара оставка од лидерите на ВРЕДИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЕФ бара оставка од сите лидери на политичките партии на коалицијата ВРЕДИ по синоќешните резултати каде кандидатот Османи освои 37 илјади гласа повеќе од Таравари. Скендер Реџепи Зејд бара од Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами и Арбен Таравари да си го одржат зборот и да си дадат оставка.

Во меѓувреме Артан Груби од Еф со себе носеше куфер. Рече дека симболиката на куферот е поврзана со песната од Ноизи која ја пушташе речиси на секој митинг на ЕФ а е посветена на коалицијата ВРЕДИ.

Шефот на Демократското движење Изет Меџити на својот Фејсбук профил само им се заблагодари на сите гласачи кои го поддржаа Арбен Таравари и коалицијата ВРЕДИ. За Груби одговорот стигна од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

-Артан, терапијата ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај!, напиша Висар Ганиу на својот Фејсбук профил.

Инаку, прашањето за оставките пред околу еден месец го актуелизираше министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, кој побара од сите политички партии да потпишат договор, со кој се обврзани по изборите, оние кои изгубат не се занимаваат повеќе со политика. Овој предизвик го прифати и самиот Арбен Таравари кој рече дека секој што ќе загуби мора да оди во пензија, а за ова се подготвени и оние од ВРЕДИ.

Откако синоќа беа објавени резултатите и победата му припадна на кандидатот на Европскиот фронт за претседател Бујар Османи, Бектеши повторно го праша Таравари на кој нотар ја доставил изјавата за оставка. Истото е напишано дека важи и за Изет Меџити.